Скандалите се неизбежни во оваа работа. Но до некаде ги обвинувам и девојките кои дозволуваат поради нив, мажите да мислат дека секоја девојка се купува. А, кога сме кај сликите со “Грандова Ѕвезда“ Ален Хасановиќ, ќе кажам дека ние се дружиме веќе една година, ние сме во супер односи. Тој е прекрасна личност, а според мене најталентиран пејач од нашата држава…..вели нашата Мис на карантин и Мис на Балканот, пејачка и фитнес инструкторка во интервјуто за ВЕЧЕР

При спомнувањето на нејзиното име и презиме Кристина Димитриjевска, првата асоцијација е, дека е бившата сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски.Така е тоа кај публиката, сега за сега, но и таа наметната асоцијација со текот на времето се менува, за среќа, се заборава. Особено сега после нејзината најнова апсолутна и убедлива победа на Светскиот Избор за “Мис на карантин 2020“ кој пред неколку дена се одржа онлајн, поради ситуацијата со коронавирусот. Убавата Македонка само уште еднаш ја потврди својата природна убавина и ги победи другите девојки од целиот свет. За читателите на весникот ВЕЧЕР открива многу интересни работи од својот живот и работи од своите три професии со кои истовремено се занимава. Сепак целиот нејзин свет се врти околу нејзиниот син, а за пропаднатиот брак со Кајмакоски нема да раскажува, освен што ќе каже дека тоа премногу би влегувало во нејзината интима….

0 Како реагираш на коменатрите и после оваа победа за “Мис на карантин 2020“ дека тетовската убавица се закити со уште една титула, со оглед на тоа дека алудираат на твоето потекло од Тетово, демек не си им женска од метрополата Скопје?
– Немам време да читам коментари навистина, имам доста интервјуа и емисии со Модното студио “Црнокрак“. Ова е сепак голем успех пред се за мене, со “Мис на карантин“, но и успех државата да ја претставивме во најдоброто светло. Метропола е голем збор хехехехехе, моето потекло по мојот татко е од Скопје. Но , израснав во Тетово, а луѓето што имаат потреба да се срамат или да се фалат од кај се , едноставно имаат комплекси, јас ги немам.
0 Завидливоста, малограѓанштината и љубомората се составен дел од твојата работа, а таа од скоро се состои и од твојот обид да станеш и поп-пејачка, па како сето тоа ќе го поднесеш во овој свет на луѓе кои се простуваат, ама успехот не?
– Доколку сите кажат дека сте добри,најверојатно сте мртви. Јас го правам тоа што го сакам,доколку секој е исполнет со себеси, нема да има потреба да зборува за некој друг.

0Круша под круша паѓа, па сите се согласни дека убавината си ја наследила од твојата мама, а што велите вие двете на тоа, што вели синчето, свесен ли е за популарноста на својата мајка и татко му Даниел?
– Мојата мајка е вистинска дама, таа е мојата поддршка, и ветер во грб за секој мој успех. Доколку споредиме слики од нејзината младост, личиме премногу. Таа секогаш се труди да ги поправи моите грешки, а пак комплиментите остава да ги каже некој друг. И поради тоа сум скромна уште од мали нозе. Мојот син е сеуште малечок, но се радува заедно со мене за успесите, кои му ги посветувам на него! Ужива да ја слуша мојата песна “Само парфем обуци”
0За твоето име се врзуваат и скандали во времето на твојот развод со Даниел, а на порталите можевме дури и да ги забележиме фотографиите кои тогаш си ги разменувала со “Гранд ѕвездата“, пејачот Ален Хасановиќ, дека бившата на Даниел е во потрага по новата љубов, за што станува збор, и како одговараш на многубројни и непристојни понуди на социјалните мрежи, објасни ни?
– Скандалите се неизбежни во оваа работа.Со оваа работа доаѓаат и непристојните понуди. Секако дека реагирам бурно, бидејќи немаат граница. Но до некаде ги обвинувам девојките кои дозволуваат да поради нив, мажите мислат дека секоја девојка се купува. Кога сме кај сликите со Ален , ние се дружиме една година веќе, и сме во супер односи. Тој е прекрасна личност, и според мене најталентиран пејач од нашата држава.

Кристина со пејачот Ален Хасановиќ

0Дали после брачните бродоломи омразата преовладува помеѓу партнерите или е место за нужно пријателство и неизбежна заедничка грижа околу детето која не секогаш е рамноправно поделена и како тоа ти стана свесна за кус период дека не сте еден за друг ти и Даниел?
– Ова е прашање кое навлегува премногу во мојот интимен живот. Но, ќе одговорам кусо….. за мене е чудно некој после 20 години да свати дека некој не е за него!

Ми недостига теретана, но сега вежбам во природата

0Во што повеќе уживаш во тоа кога те озборуваат бидејќи според онаа народната “по добриот коњ правот се крева“ или подобро ти е кога луѓето се рамнодушни а, што некако не е баш логично за професиите со кои се занимаваш?
-Јас се водам по тоа дека секој тоа го што прави, тоа зборува за него. И секако битно е да гледаш и од другата страна, позади секој лош коментар стои личност која е незадоволна со себеси, а не со мене
0Ти си сега и фитнес инструкторка, теретаните се затворени, како ја објаснуваш целата ситуација со коронавирусот и колку самата си исплешена, загрижена, како ја гледаш иднината на овој свет, оваа Планета после пандемијата?
-Ми недостига теретана премногу, но наоѓам замена.Си тренирам во природа. Околу овој вирус мислам дека треба да зборуваат стручни лица. Од мене советот е да се чувате. Се ова брзо ќе помине, така да останете во добро, позитивно расположение.

0 Да го парафразирам насловот од песната “Сакам пак“, па што пак би посакала Кристина, во приватниот живот, можеби пак брак, а што во професионалниот, какви ви се плановите со модното студио “Црнокрак“?
– Сакам пак сите луѓе да се здрави! А, приватно се што сакам- имам ..фала му на господ поради тоа. Јас веќе бев задоволна и со титулата -Мисс Балкан-. Но сега кога донесовме светска титула -Мисс карантин на светот-, можам да кажам дека секогаш треба да верувате во себеси и соништата се остваруваат. Со модното студио “Црнокрак“ имаме секогаш следни чекори и нови цели, и неуморно одиме кон нив.
0 Како би го дефинирала, опишала својот досегашен живот низ насловите или рефрените на твоите пет најомилени песни и што е тоа што те вади од такт, да те разбесни, а што може до солзи да те насмее?
– Јас сум личност која има премногу омилени песни хехехеее. Некои кои би ме опишале се:Kelly Clarkson-Because of you, John Legend-All of me, Maluma- Corazón, Тоше Проески-Малечка и Marija Śerifović-11 . Тоа што може да ме насмее до солзи е мојот син, моите најблиски луѓе и пријатели кои се бескрајно позитивно луди. А, тоа што ме вади од такт е слабата страна, но слабите страни не се покажуваат.
0 Е, сега да си некоја јасновитка како би го видела својот приватен и професионален живот за наредните 20-тина години и дали веруваш во сите бајачки, магии, во бројот 13, имаш ли страв од авионите, итн….со која порака би им се обратила на читателите на “Вечер“, сакаш ли да читаш весници со утринско кафе за што велат дека е голем мерак

-Верувам во господ и во се поврзано за него.Не верувам во броеви, црни мачки и сл. Немам моќ да предвидам, но знам што сакам од животот. Во наредните 20 години, ќе бидам најдобра мајка пред се,професионално ќе ги остварувам и ќе се борам за моите планови и амбиции, а делата ќе говорат за мене. Јас уживам во утринското кафе, и ми недостига времето на весниците. Кога почнав да се занимавам со оваа професија, сеуште беа премногу актуелни весниците и секаде каде што излегував во некој весник, мајка ми ги собираше сликите и текстовите. И тоа се реални спомени. Мојата порака за сите читатели на “Вечер” гласи: Подарувајте насмевка бесплатна е, на некого многу ќе му значи, и секако читајте “Вечер”/vecer.press
Дуле МИЌИЌ