-Да, ме затворија. Некој мораше да биде обвинет. Но јас знаев дека не сум го сторил тоа, не сум ја силувал девојката. Тие ме пикнаа в затвор, но јас не дозволив затворот да ми се пикне во главата, вели Арчи Вилијамс.
Благодарение на новата технологија, минатата година во мај се докажа дека Арчи не е виновен за делото за кое одлежа 37 години затвор и беше пуштен на слобода. Сега за првпат може да се слушне неговиот глас.
Не само неговата сторија, туку и како пее на Америка има талент.