Најдобриот српски ракометен репрезентативец  и член на унгарскиот шампион Веспрем, Петар Ненадиќ, во интервју  за „Брз центар“ откри во кој клуб би сакал  да ја заврши кариерата.

  • Пред месец дена зборував на слична тема. После Барса и ПИК Сегед татко ми ме советуваше да не размислувам многу на темата за трансфери, понудите секако ќе пристигаат. Но во тоа време ми требаше екипа каде што ќе играм. Заминав во Данска и тоа беше многу добра одлука за мојата кариера. Продолжив да одам напред, заминав во Висла Плок каде што играв Лига на шампиони. Следуваше трансфер во Фуксе Берлин, па сега во Веспрем. Според моето мислење се движам во вистинска насока. Јас би сакал унгарскиот тим да биде последен во мојата кариера. Веројатно нема да се враќам дома за да ја завршам кариерата,  рече Ненадиќ.