Кралицата Елизабета плаќа 67.000 долари за личност што ќе управува со нејзините профили

182

Кралицата Елизабета Втора е подготвена да плати до 67.000 американски долари годишно на личност која би управувала со нејзините профили на социјалните мрежи,
со цел да најде, како што рече, нови начини за одржување на нејзиното присуство во
јавната и на светската сцена.

Кралското семејство, кое исто така неодамна се појави на ЛинкедИн, истакна дека работата исто така подразбира да се анимира публиката низ целиот свет, не само во Велика Британија.

„Успешниот кандидат би водел мал дигитален тим од експерти, ќе креира стратегија на содржината на нашите дигитални канали и ќе работи со колеги со цел континуирано да ја подобри нашата дигитална присутност, се наведува во соопштението. 

Избраната личност мора, како што се бара, да обезбеди дигиталните канали на
кралицата да разбудат интерес и да ја привлечат публиката, а во исто време да ги
сочува угледот и влијанието на семејството.

Исто така избранат личност треба да има искуство во употреба на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, јавува CNBC. Менаџерот на социјалните мрежи на Кралицата би имал 33 дена одмор (вклучувајќи празници) годишно, бесплатен ручек, обука и пензионирање.

Годишната плата се движи помеѓу 45.000 и 50 000 фунти (што е околу 67,000 американски долари), во зависност од искуството.