ФК „Каменица Саса” започна кампања „Дај гол, засади дрво”

104

Фудбалскиот клуб „Каменица Саса” официјално ја започна кампањата „Дај гол, засади дрво”. Кампањата како што информираа од клубот подразбира засадување на дрво за секој постигнат гол на клубот во есенскиот дел од второлигашкото првенство.

– Кампањата започна првенствено на Твитер и Фејсбук, а сега и преку официјалната веб-страна на клубот. Целта е да дадеме свој придонес кон грижата за нашата околина, бидејки општествената одговорност е едно од главните начела по кои се води клубот за реализација на ваквите активности, информираа од клубот.

Како иницијатор на идејата, ФК „Каменица Саса” ги повикува и другите клубови да се приклучат на оваа акција.

-Како резултат на 197-те голови постигнати голови во сите конкуренции во кои се натпреварува екипата во оваа полусезона, ФК „Каменица Саса” ќе засади 197 дрвца. Кампањата започнува од денеска и ќе трае до почетокот на пролетниот дел од сезоната, истакнуваат од ФК „Каменица Саса”.

Од клубот упатија благодарност до Рудник Саса, општина Македонска Каменица, Јавното претпријатие „Камена Река”, Шумско стопанство „Голак” и Требанкс за поддршката во реализацијата на оваа благородна кампања.