Гледајте со широко отворени очи над ивицата на перницата: Стигнува мини серијата Дракула
Објавувајќи го терминот за прикажување на првата од трите епизоди, БиБиСи, на својот Твитер постави кратко видео на кое може да се види како грофот Дракула се капе во море од крв, со порака дека новогодишната ноќ секако ќе биде никаква, затоа да не се плашиме бидејќи почнува владеењето на тридневниот терор, веднаш штом се гушнеме и бакнеме со најблиските, што ја изедеме 28-та сарма и го изгледаме Новогодишниот концерт во Виена. Прикажувањето на мини серијата за Грофот Дракула на БиБиСи почнува на 1. јануари.