Селекцијата на Грција во уметничко лизгање се повлече од натпреварувањата на Игрите во Токио, откако четири нејзини спортистки беа позитивни на Ковид-19, објави Грчкиот олимписки комитет (ХОЦ). Една од пливачките била позитивна на коронавирус во понеделникот, а уште три други добиле позитивен тест во вторникот, поради што сите се изолирани во карантин.

Организаторите на Олимписките игри соопштија за нови 18 позитивни случаи на коронавирус.

Со тоа, вкупната бројка на заразени случаи поврзани со Олимписките игри се искачи на 294.