Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51.46 секунди, што воедно е нов светски рекорд.

Претходниот светски рекорд исто така го држеше Меклафлин со време 51.90 секунди.

Сребрениот медал го освои нејзината сонародничка Далиа Мухамед – 51.46. На победничкиот подиум како третопласирана се најде Фемке Бол од Холандија со истрчани 52.03 секунди.