Книга: „Те нема никаде“ – за моралните дилеми

172

„Те нема никаде“ на авторката Јелена Бачиќ Алипмиќ е роман за моралните дилеми за доброто и злото, за љубовта и омразата, за животот и смртта, за довербата и благодарноста во тешките животни околности.

„Изабела Месини се пријавува за болничарка на Црвениот крст со цел да побегне од куќата на мајка си. Во виорот на војната, мнозина ранети ќе поминат низ нејзините вешти раце. Еден од нив е Марко, воен известувач од Србија, кој е тешко ранет, а Изабела треба да се грижи за него. Со него, Изабела развива необичен однос: иако странци, тие се разбираат без многу зборови. Љубовта е посилна од сите правила и ограничувања. Но, по завршувањето на војната, минатото на Изабела ќе ѝ тропне на врата и ќе почне драмата на нејзиниот живот за која ќе зборува цела Италија…“, ќе посочи издавачот „Матица македонска“.