Книга: “Амаруши” – за љубовта и уништувањето

94

“Амаруши” на Ведрана Рудан со насловот реферира на името на четиригодишното девојче преку чија перспектива се согледуваат сите дејствија во романот – “да се сака” и “да се руши“.

Овие два елемента – љубовта и уништувањето се клучни за човечките односи и заплетот врз кои се засновува романот. Целиот роман е напишан во дијалог. Девојчето е еден вид катализатор на раскажаните настани, набљудувач на големиот свет исполнет со трагикомични односи, бизарни ситуации и горчлив цинизам. Остра вивисекција на современото хрватско семејство видено од очите на едно мало девојче.

Рудан пишува остро и бескомпромисно, делумно и вулгарно, и притоа убедливо го прикажува животот во транзицијата… Таа е еден од најинтригантните гласови во современата хрватска литература, позната по своите контроверзни и смели ставови поврзани со горливите општествени прашања.