Киднапиран украински авион во Кабул и пренасочен кон Иран

119

Украински авион што слета во Авганистан поради евакуација на Украинци е киднапиран од неидентификувани вооружени лица, и леталото е пренасочено кон Иран, изјави денеска заменик украинскиот министер за надворешни работи Јевгениј Јенин.

– Авионот е практично украден за да одлета во Иран со неидентификувана група патници, наместо да превезе Украинци. Нашите три следни обиди за евакуација не беа успешни, бидејќи луѓето не можеа да влезат во аеродромот, посочи Јенин, додавајќи оти минатата недела бил киднапиран друг авион.

Но, Јанин не наведе што се случи со авионот и дали Киев ќе се обиде да го поврати леталото или како украинските државјани ќе бидат евакуирани од Кабул.

Во Авганистан околу сто Украинци чекаат да бидат евакуиирани.