Тој никако не разбира зошто луѓето се толку лоши, особено мажите што многу го изненадува бидејќи трачевите за него ги слушнал само од нив, не од жените.

Емир, пејачот на групата “Лапсус“, искрено открива дека не знае зошто колегите го трачарат. Во тоа и самиот се уверил слушајќи многубројни приказни.
-Мислам дека во сè ми завидуваат. И во физичкиот изглед и во пеењето. Секако и на девојките. Најлесно им е да озборуваат, дури и некои гадости кои немаат врска со вистина. Дури и ќе измислат дека сум геј. До таму им оди расипаната фантазија. Но, јас не би зборувал многу за тоа.
Тој никако не разбира зошто луѓето се толку лоши, особено мажите што многу го изненадува бидејќи трачевите за него ги слушнал само од нив, не од жените.
– Очигледно дека ги мачам. Но како што сме популарни јас и бендот така сè повеќе расте нетрпеливоста на колегите кон мене. Сè си мислам тие да не имаат некој лапсус. Мислам, во мозокот, хахахахааа, насмеано коментира згодниот пејач. (Д.М.)