Откако стартуваше грен слем турнирот Ролан Гарос во Париз уште на стартот се случи големо изненадување во женска конкуренција, откако елиминација претрпе петтата носителка Анџелика Кербер. Германката го отвори турнирот кај дамите против Анастасија Потапова од Русија, но експесно беше елиминирана 
од 18 годишната Потапова со 6:4, 6:2.

На Руската тинејџерка многумина и предвидуваат блескава кариера, а според прогнозите таа уште оваа сезона би требало да стане важен фактор во женскиот тенис.

Потапова во наредното коло ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Јафан Ванг и Маркета Вондрушова.