Катар ќе донира 10 милиони американски долари за СЗО за откривање вакцина против коронавирусот

80

Покрај својот придонес од 20 милиони американски долари во Глобалната алијанса за
вакцини и имунизација (ГАВИ), вицепремиерот и министер за надворешни работи на
Катар Шеик Мохамед бин Абдулхман Ал-Тани најави дека државата ќе придонесе финасиска поддршка од дополнителни 10 милиони американски долари на Светската здравствена организација за пронаоѓање опрема за тестирање, третман и вакцина за коронавирусот.

За време на учеството во кампањата за посветеност во борбата против коронавирусот одржана преку видео конференција од непрофитната организација “Глобални граѓани“, катарскиот шеф на дипломатијата изјави дека Катар е горда што ја поддржува кампањата „Глобална цел: Обединети за нашата иднина“. Неговата екселенција изрази благодарност на Европската комисија и Глобални граѓани за
партнерството во кампањата.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар рече дека пандемијата на
коронавирусот не само што ги тестира здравствените системи, образовните системи и
економиите ширум светот, туку на тест ги стави и човечките принципи и можноста за
брзо реагирање и солидарност.

Неговата екселенција додаде дека зголемувањето на меѓународната поддршка и
политичката посветеност е најпотребно сега, повеќе од било кога за да се обезбеди
пристап до тестовите, третманите и вакцините за ковид -19 за сите.