Совети на младите за отворање на стар-ап компании и самовработување

158

Општина Ѓорче Петров продолжува со грижата за младите преку создавање на квалитетни политики и мерки што им го олеснуваат животот.

Како што информира градоначалникот Александар Наумоски, со ѓорчепетровецот Петре Ристески од „Дарис инженеринг“, денеска  е започната соработка преку која на младите ќе им се нудат совети и информации за отворање старт-ап компании и аплицирање на повици за претприемништво и самовработување.

-Очекувам, Центарот за иновации и претприемништво, лоциран во Домот на културата да ги мобилизира младите активно да се вклучат во бизнис секторот зголемувајќи го економскиот просперитет и развој во општината.
Голема благодарност до Петре, кој се обврза дека во општината ќе биде поставена првата аеропречистителна кула и три громобрански фаќачи, негови иновативни решенија одобрени од ФИТР-истакна Наумоски.