Зазеленет паркот во Ченто

292

Зазеленет е паркот пред слаткарата Делиција во населбата Ченто. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на ЈКП „Гази Баба 2007“, Влатко Митовски
извршија увид во активностите за уредување на паркот.

– Засадени се нови 70 дрвца, а уреден е и тревниот простор. Дополнително екипите на ЈКП Гази Баба ќе постават и заштитни столбчиња со цел заштита на зеленилото од непрописно паркирање на возила – вели Георгиевски.

Тој потенцира дека оваа година си поставил за цел во Општина Гази Баба да се уредат 15.000 квадратни метри зелен простор.

– Заедно и со поддршка од вас граѓаните ќе докажеме дека можеме да ја направиме наша општина зелена и чиста – вели Георгиевски.