Судските органи во Венеција го казниле шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава, со 78.000 евра, бидејќи дизајнирал мост преку каналот „Гранд“, кој не може да издржи голем број луѓе.

Во образложението на судската одлука стои дека Калатрава бил невнимателен во процесот на изградба, иако имал претходно искуство и дека ги дизајнирал мостовите во Далас и Калгари, и требало да има доволно информации за конструирањето, пренесе СиЕнЕн.

Мостот Ponte dela Constitucione е долг 90 метри, а е изграден во 2008 година, а името го добил по италијанскиот Устав.

Контроверзите околу мостот се последни во низата која ја погодува Венеција, која се соочува со последиците на „прекумерен туризам“. Во овој италијански град неодамна се воведени строги контроли на туристите, па така посетителите кои не преноќуваат во градот плаќаат надомест од 10 евра, а забранети се и куфери со тркалца.