Околу 3.000 голи велосипедисти учествуваа во денешното годишно возење со велосипед (Philly Naked Bike Ride) во Филаделфија, САД. Велосипедистите се собраа вчеравечер во парк во Филаделфија, каде се соблекоа и тргнаа во овогодинешното возење.

Рутата има околу 16 километри по градот, а се обиколуваат градски знаменитости. Дел од учесниците беа голи, а некои од нив само по долна облека, или со боја и сјај по телото.

Голото возење со велосипед се организира за промоција на позитивното гледање на телото, а организаторите се залагаат за безбедност на велосипедистите и протестираат против фосилните горива.

Филаделфиското голо возење со велосипед се одржува секоја година во септември, но е поместена во август бидејќи учесниците се жалеле дека им е ладно.