Италија и Либија потпишаа договор за гас вреден осум милијарди долари

79

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони во саботата имаше разговори во Либија со владини претставници со седиште во западниот дел на земјата, фокусирани на енергијата и миграцијата, главните прашања за Италија и Европската унија. За време на посетата, нафтените компании од двете земји потпишаа договор за гас од осум милијарди долари – најголемата поединечна инвестиција во енергетскиот сектор на Либија во повеќе од две децении.

Либија е втората северноафриканска земја што премиерката Мелони, три месеци по функцијата, ја посети оваа недела.

Таа се обидува да обезбеди нови испораки на природен гас за да ја замени руската енергија во услови на московско-украинска криза. Таа претходно го посети Алжир, главниот италијански снабдувач со природен гас, каде што потпиша неколку меморандуми.

Мелони слета на аеродромот Митига, единствениот функционален аеродром во либиската престолнина Триполи, со силни безбедносни мерки, придружувана од италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, соопштија од нејзиниот кабинет.