Автобуска несреќа во Перу:Најмалку 25 лица загинаа, има и повредени

32

Најмалку 25 лица загинаа во автобуска несреќа во Перу, во област северно од Лима, соопшти локалната полиција.

Неколку лица се повредени и префрлени во блиските болници, додаваат од полицијата, кои не прецизираат точен број на повредени.

Автобусот кој од Лима тргнал кон градот Тумбес на границата со Еквадор, паднал во провалија во ненаселена област.

Засега не се познати причините за несреќата.