„Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд“ изјави продуцентот Френк Маршал, кој неодамна откри дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога на Индијана Џонс во филмот кој ќе има и свое петто продолжение.

Харисон Форд треба да ја повтори својата улога на познатиот авантурист археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“.

Филмот, пак, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер.

„Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите, каде што ги откри плановите и за филмските фрашизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“.

Новиот филм за кој веќе се работи сценариото треба да излезе во јули 2022 година.