Британец ја тужи „АстраЗенека“: „Се вакцинирав и бев во кома повеќе од еден месец, сега сум само сенка на она што бев“

144

Британецот Џејми Скот ја тужи компанијата „АстраЗенка“ за здравствените проблеми со кои се соочува откако ја прими вакцината на компанијата во април 2021 година. Скот изјави за Sky News дека не би ја примил споменатата вакцина против корона доколку знаел за ризикот од ретки, но сериозни несакани ефекти.

Тој смета дека фармацевтскиот гигант ја преувеличил ефикасноста на вакцината и ги минимизирал нејзините ризици. „Ја примив за да ги заштитам постарите луѓе околу мене. „АстраЗенека“ и владата мора да го објаснат ризикот секогаш кога го земате лекот. Ако постои ризик – имам младо семејство – никогаш не би ја примил“, рече тој.

Десет дена по примањето на првата доза од вакцината, се разбудил со силна главоболка, почнал да повраќа и имал проблеми со зборувањето. Тој бил однесен во болница, каде му било констатирано крварење во мозокот и згрутчување кое спречило да тече крв од мозокот.

Добил 120.000 фунти од државата

Тој беше опериран и беше во кома нешто повеќе од еден месец. На неговата сопруга Кејт и беше кажано дека и да преживее никогаш нема да биде истиот. Денес, Скот има слаба меморија, проблеми со читањето, пишувањето, слушањето и зборувањето, делумно е слеп на двете очи и страда од болка и замор.

„Сè на мене се смени. Сè е тешко. Среќен сум што сум жив. Но, јас сум сенка на она што бев и секој ден е тежок“, изјави тој. На Скот му биле исплатени 120.000 фунти од владината шема за компензација за вакцини.

Тој веќе не е способен да работи, па овие пари не можат да бидат замена за приходите што ги имал како информатичар. „Ако Џејми доживеал сообраќајна несреќа, ќе имало осигурување за покривање на повредите и загубата на приходот“, изјавила неговата сопруга.

За да ја добијат целосната исплата од 120.000 фунти како компензација за вакцинација, барателите мора да бидат најмалку 60% инвалиди. Оние со понизок степен на попреченост не се квалификуваат.

Другите земји веќе ја повлекоа вакцината од пазарот на почетокот на март 2020 година

Вакцината AstraZeneca ја развија научници од Универзитетот во Оксфорд. Вакцината беше подложена на забрзано тестирање и лиценцирање поради итност и беше одобрена за итно снабдување во декември 2020 година. Владата и многу лекари ја уверија јавноста дека вакцината е безбедна и ги повикаа луѓето да се вакцинираат.

Во пролетта 2021 година, низ Европа имаше извештаи за луѓе кои страдаат од невообичаено згрутчување на крвта неколку дена по вакцинацијата. „Веќе во март 2021 година, другите европски земји го повлекоа или го суспендираа овој производ од пазарот затоа што идентификуваа проблем“, рече Сара Мур, адвокатка што го застапува Скот и другите тужители.

„Нашиот аргумент е дека на датумот кога Џејми беше вакциниран, немаше предупредување. Сега, ако сакате да земете здрава личност и да ѝ дадете каков било медицински производ, тогаш генерално повеќето луѓе би прифатиле дека треба да има предупредување во рамките на литература за производите што го специфицира тој ризик, особено кога зборуваме за тежината на ризикот во овој контекст“, додаде таа.

Се покажа дека вакцината е безбедна, тврдат од „АстраЗенека“
AstraZeneca вели дека ги ажурирала информациите за вакцината во април 2021 година за да ја нагласи можноста дека во многу ретки случаи вакцината може да предизвика тромбоза со синдром на тромбоцитопенија.

„Нашето сочувство е со секој што изгубил најблиски или пријавил здравствени проблеми. Безбедноста на пациентите е наш највисок приоритет, а регулаторните тела имаат јасни и строги стандарди за да обезбедат безбедна употреба на сите лекови, вклучително и вакцините.

Врз основа на доказите од клиничките испитувања и податоците од реалниот свет, вакцината AstraZeneca-Оксфорд постојано се покажува како безбедна, а регулаторите ширум светот постојано тврдат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците од исклучително ретки потенцијални несакани ефекти“, изјавија од „АстраЗенека“.