Има причина: Горан Кукиќ одушевен со настапот во шоуто „Никогаш не е доцна“

416

Горан Кукиќ е еден од најпознатите, но и најпочитуваните македонски фолк пејачи. Тој е од Струмица, како и неговата сопруга исто така популарната пејачка Ленче Кукиќ. Горан пред некое време зборуваше (во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител) за себе и својот живот, своите настапи, своите идни планови во кои секако почесно место има убавата сопруга Ленче. – Бевме неодамна во Белград, јас, Ленче и синот Иван. Синот имаше некои настапи со Влатко Стефановски.

Но, Кукиќ кога ќе му се спомене Белград, секако дека најмногу ќе го памети по својот многу успешен настап во големото балканско ТВ-шоу „Никад није касно“.
– Мојот живот е музика, така да учеството во “Никогаш не е доцна“ за мене беше голем предизвик. А, тој настап е и голема реклама за нас пејачите. Ете од тој аспект, па веднаш потоа јас и Ленче имавме една мала турнеја низ Војводина, објасни Кукиќ за причините кои прифатил да пее во популарното шоу кое и ние го следиме овде на ТВ канал 5.

Горан објаснил дека после неговиот настап Саша Поповиќ ја наговорил и Ленче да учествува. Таа се двоумела, па после прифатила и сега воопшто не се кае.
-На поканата на Саша, Ленче и албум ќе сними за „Гранд продукција“. Затоа велам, никогаш не ги одбивајте поканите, тие се предизвик. Не се знае што добро може од сето тоа да излезе. Ете, како ова нашето. (Д.М.)