Талибанците ослободиле приведени авганистански новинари откако ги тепале

34

Талибанските милитанти физички малтретираа најмалку двајца авганистански новинари од популарен локален весник во Кабул, бидејќи известувале за протестот на активистките за женски права, јави ДПА.

– Траги од десетици кабли и камшици се на лицата и главите на двајцата колеги од Етилаатроз. Ги донесовме во канцеларија слаби и во состојба на летаргија, напиша на Твитер Заки Дарјаби, издавач на Етилаатроз, истражувачки онлајн и печатен весник.

Милитантите претходно во Кабул кусо време приведоа пет новинари од весникот.

Фотографиите и видеата што ги сподели Дарјаби покажуваат како двајца од новинарите, помодрени од тепање, едвај одат или зборуваат по нивното ослободување.