Суспендирана светската шампионка на 400 метри

26

Светската шампионкаво атлетика на 400 метри Салва Еид Насер привремено е суспендирана, бидејќи одбила да се тестира на анти-допинг тестовите. Наср се соочува со двегодишна забрана за настап ако се потврди дека без причина избегнала тестирање.

Таа би можела да ги пропушти Олимписките игри во Токио наредното лето. Според правилникот на ВАДА спортистите имаат обврска да ја известат анти-допинг агенцијата каде за да можат да бидат тестирани без претходна најава. Доколку спортистот не понуди оправдување, ВАДА може да му изрече двегодишна суспензија.

Салва Еид Насер е родена во Нигерија, меѓутоа настапува за Бахреин. Минатата година на Светското првенство во Доха освои злато на 400 метри (48:14 секунди).