Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ. отпатува за Токио каде ќе настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ).Прет патот за јапонската престолнина Србинот, одржа прес – конференција  на која посочи дека целите оваа сезона му се највисоки и голема е желбата кај него да ги обедини сите големи тениски трофеи.

-Имам најголеми амбиции, тоа не е тајна. Одам на златото. Зацртав да имам четири грен слеми оваа сезона и да ги освојам ЛОИ. Распоредот е малку напнат затоа што грен слем турнирите се близу до Олимписките игри, но доста добро сум подготвен за предизвикот. Кога играте за својата земја, тоа е чест и привилегија. Ретки се можностите да играте на вакви натпреварувања, изјави Ѓоковиќ.

Меѓутоа, неговиот тренер Хрватот, Горан Иванишевиќ го предупреди дека треба да биде внимателен, бидејќи Игрите се специфично натпреварување.

-Шампионите на Олимписките игри не мора секогаш да бидат најдобрите играчи, понекогаш има и неочекуван победник. Се стана потешко за предвидување. Атмосферата е поинаква кога играте за својата земја, изјави Горан и потоа го изнесе примерот со Роже Федерер, на кого му недостасува само злато во сингл конкуренција, а има сребро од Лондон 2012, и злато во довјки со Вавринка од Пекинг 2008 година.

-На Федерер се уште му недостасува олимпиското злато, има освоено се што можеше да осови. Ако еден ден го направи тоа, може да си замине мирно во пензија, заврши Иванишевиќ , кој има две бронзи од Барселона во 1992 година.