Грција го доби првиот француски повеќенаменски борбен авион Рафал

53

За време на церемонијата во Истра во центарот за тестирање на летови на Дасо, Грција го доби првиот повеќенаменски борбен авион Рафал, јави дописникот на МИА.

Нарачката направена минатиот јануари од страна на Грција за 18 авиони Рафал напредува со „полна брзина“. Дасо авијација соопшти дека го испорача првиот авион само шест месеци по потпишувањето на договорот. За оваа испорака до грчкото воено воздухопловство (ХАФ), се одржа церемонија во Центарот за тестирање на летовите на Дасо во Истра во присуство на Николаос Панагиотопулос, грчкиот министер за национална одбрана.
Грција нарача 12 половни и шест нови авиони во износ од 2,5 милијарди долари.
Пилотите и техничарите на ХАФ ќе се обучуваат во Франција, пред да бидат распоредени во воздухопловната база Танагра.
Тензиите со Турција значително го забрзаа процесот на набавка и ефективно доставување на 12 авиони до 2023 година. Обично се потребни повеќе години за да се исполни овој вид нарачки.
Според некои информации Грција е заинтересирана да купи уште уште шест други авиони Рафал, со што ќе има вкупно 24.
Неодамна учеството на катарските воздухопловни сили на воена вежба во Турција, предизвикаа негодувања во Грција, бидејќи тоа им дозволило на турските експерти да ги проучат одблиску авионите Рафал, со кои располага Катар, со кои сега ќе располага и Грција