Звуците на културата во Ѓорче Петров со многу музички точки, танцување, филм…

162

Од 20 до 22 септември годинава ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ во паркот во Ѓорче Петров.

Оттаму информираат дека публиката за три дена ќе може да проследи богата културно-уметничка програма, повеќе активности за најмладите, како и за повозрасните граѓани.

– Предвидени се настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар… – велат од Општината.

Во рамки на второто издание на „Звуците на културата“ ќе настапат и Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Нокаут, Дац и Александар Митевски и диџеи.

Ќе биде прикажан и нашиот наградуван филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска.

Во паркот каде ќе се одржува манифестацијата ќе бидат поставени и реквизити за забава, детски игри и спорт, забавен парк и базар.