За 24 часа пријавени 36 починати од Ковид-19, заразени уште 1 037 лица

55

Во последните 24 часа пријавени се рекорден број починати од почетокот на новиот бран, дури 36. Возраста на починатите е од 24 до 85 години. Од направени 6.654 тестирањe, регистрирани се 1.037 нови случаи на Ковид-19 и  оздравени 534 пациенти, информира Министерството за здравство.

Од 36-те починати, 11 се од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ).
Од починатите лица 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.

Од новозаразените, од Скопје се 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Гостивар – 106, Тетово – 85, Куманово – 37, Струмица – 30, Кичево – 25, Охрид – 21, Струга – 18, Битола – 11, Кавадарци и Ресен – по 9, Штип – 8, Кочани и Дебар – по 7, Радовиш, Берово и Кратово – по 6, Виница – 5, Прилеп – 4, Велес и Свети Николе – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 173 689, на оздравени пациенти е 154 174, а на починати е 5.818. Бројот на активни случаи изнесува 13 697.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 74837, Активни 4948
Куманово 10057, Активни 868
Прилеп 8577, Активни 208
Тетово 10027, Активни 2038
Битола 6640, Активни 242
Велес 5707, Активни 195
Гостивар 7453, Активни 1501
Кавадарци 5398, Активни 187
Охрид 5450, Активни 382
Штип 5175, Активни 158
Струмица 5017, Активни 675
Струга 3499, Активни 477
Кочани 2964, Активни 123
Кичево 3478, Активни 634
Гевгелија 2281, Активни 82
Неготино 2222, Активни 34
Свети Николе 1647, Активни 103
Ресен 1372, Активни 111
Крива Паланка 1263, Активни 29
Радовиш 1305, Активни 102
Берово 1113, Активни 33
Делчево 1030, Активни 47
Дебар 1276, Активни 219
Виница 943, Активни 36
Пробиштип 825, Активни 35
Валандово 736, Активни 42
Богданци 519, Активни 25
Крушево 513, Активни 23
Демир Хисар 410, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 439, Активни 54
Македонски Брод 429, Активни 55
Пехчево 291, Активни 6
Македонска Каменица 260, Активни 10
Дојран 135, Активни 2

Направени се 6.654 тестови преку: ИЈЗ-361, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-96, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–141, ЦЈЗ Куманово –62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-415, Биотек-491, Систина-116, лабораторија Лаор-486, Синлаб-42, Ремедика-26, Плодност–81, Генеа -13, Никоб лаб-683, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-136, Ројал Медика –75, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.913. Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19.