За една недела почнува со работа мобилната лабораторија за нафтени деривати

108

За една недела ќе почне да функционира мобилната лабораторија за нафтени деривати, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Првпат во Северна Македонија, Пазарната инспекција и Бирото за метерологија ќе прават инспекции кои ќе бидат валидни. Досега имавме две приватни лаборатории, а од наредната недела ќе имаме лабораторија во сопственост на државата и ке се вршат сите контроли, не само на бензиските пумпи, туку и кај увозниците, а ќе може да се контролира и Екстра лесното масло, изјави Бектеши одговарајќи на мпвинрско прашање пред одбележувањето на 25-годишнината од основањето на УЈП.