Во Салон 19,19 промоција на „Клуч во клучалката на детството” од Мојсова- Чепишевска

228

Во Салон 19,19, при Културно-информативен центар, на 28 ноември, со почеток од 19:19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Клуч во клучалката на детството” од  Весна Мојсова- Чепишевска. Книгата ќе ја промовираат Кристина Николовска и авторката, а извадоци ќе чита актерот Предраг Павловски.

„’Клуч во клучалката на детството’, која е во издание на Матица Македонска, е нејзина седма книга, која го има нејзиниот препознатлив авторски глас, богат, близок и срдечен кон читателите, точен и прецизен во податоците и означува нов датум во толкувањето на литературата за деца“, стои во најавата за промоцијата.

Весна Мојсова-Чепишевска, професор на Филолошкиот факултет, има околу 330 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија, како и на шест книги. Таа е и приредувач на седум антологии, од кои 5 надвор од Македонија и нејзината прва белетристичка книга во коавторство со Елена Атанасиу. Добитник е на повеќе значајни награди.