Запата наследник на Игуаин

82

Новиот предводник на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Андреа Пирло, сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на колумбискиот интернационалец од редовите на Аталанта, Дуван Запата. Пирло е убеден дека робусниот напаѓач ќе биде идеален наследник на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин, кој сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Според челниците на Аталанта, Запата вреди најмалку 50 мил. евра.