Познатата пејачка Верица Шерифовиќ, инаку мајка на мегапопуларната Марија Шерифовиќ, веќе со месеци никаде на настапува и не заработува свои пари. Поради коронавирусот таа силно ја почувствувала кризата, беспарицата, па без дилема решила работите да ги земе во свои раце. Верица наместо да продолжи да си биде пејачка, сега си работи во слаткарницата во родниот Крагуевац. Во слаткарницата одвреме-навреме доаѓа и ќерката Марија. И таа научи да ги услужи гостите.

На Верка и Мара, летото им поминува во заедничко дружење

-За среќа во несреќа слаткарницата е моја, со оваа работа почнав многу одамна, па потоа пеењето ме однесе во друга насока. Но никогаш не се знае што носи животот, така што сега повторно ѝ се враќам на оваа работа. Не се жалам. Со луѓето сум пак во комуникација, а тие слатко ќе се изненадат кога ќе видат дека јас продавам колачиња, торти, сладоледи…, раскажува насмеаната Верица.

-Мојот совет е и другите колеги да се фатат за некоја работа додека да помине овој вирус кој ни ја одзема работата на естрадата. Ниту една работа не е срамна, доколку чесно се заработува. Во слаткарницата заработувам таман колку што ми треба, не сум јас алчна по пари. Засега така, за понатаму ќе видиме…    Д.М.  foto:FB