Заев: Имаме нов пик на вирусот

116

Премиерот Зоран Заев рече дека во Македонија се јавува нов пик на вирусот, но за воведување на рестриктивни мерки ќе се чека предлог од Комисијата за заразни болести.

„За евентуални рестериктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот. Во понеделник во 9 часот е стандардно главниот координативен штаб на Владата, кадешто присуствува министерот за здравство, но и членовите на Комисијхата реферираат. Дефинитивно ќе ги следиме нивните препораки.

Јас не би сакал да истрчувам со било што заради тоа што вчера ми беа презентирани графиконите, табелите за тоа што се случува. Имаме еден нов пик што се јавува, односно покачување. Ќе го следат веројатно и денеска и во текот на викендот за да можат да направат конечен репорт за 9 часот наутро во понедленик. Да видиме бројките што ќе кажат овие денови и што ќе биде предлогот на државната здравствена комисија“, кажа Заев.