Завршува реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“

119

Во тек е финалното асфалтирање на едната страна од булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар, информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој објасни дека градежните работи се изведуваат со засилено темпо, а ќе се асфалтира непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на овој дел од булеварот.