Според програмата, Јелена Карлеуша треба да ја отвори „Роштиљадата“  во српски Лесковац, домот на лесковачките плескавици, која годинава ќе се одржи од 22 до 29 август.

Според пишувањата на српските медиуми таа за настапот треба да добие 20 илјади евра. Но, дел од жителите на Лесковац се противат на овој избор, а Фејсбук страницата „Покрет за Лесковац“ објави статус во кој повикува да се соберат пари што би ѝ биле дадени на Карлеуша за да не настапи на „најголемиот гурмански настан во светот“.

„Подолго време Роштиљадата, како што ја правеа претходните години, нема посоодветен гостин, а совпаѓањето со настанот и манифестацијата со него е толку очигледна. За жал“, ја започнаа својата објава, истакнувајќи дека Роштиљадата треба да биде поквалитетна и покултурна во сите сегменти, „како и во изборот на изведувачи“.

„Покренуваме акција за собирање на 20 илјади Лесковчани, кои се подготвени да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до службена такса за настап, а по потреба и повеќе) за да се соберат доволно средства за хонорар што ќе и го понудиме на дотичната дива да не пее во центарот на нашиот град“, напишаа од тимот зад Фејсбук страницата „Покрет за Лесковац“.

„Доколку ЈК ги одбие понудените средства, незадоволна од сумата или поради која било друга причина, собраните средства ќе бидат распределени во хуманитарни цели, како што ќе се договориме со нашите сограѓани. Лесковац е и наш град!“ заклучија од групата.

Горан Цветановиќ, градоначалникот на Лесковац и функционер на Српската напредна странка им се обрати на медиумите по петицијата на здружението да се соберат пари за пејачката да не им пее на отворањето на овогодинешната Роштиљада.

Цветановиќ, застана во одбрана на пејачката и одговори на прашањето како реагира на претходните осуди на Карлеуша за СНС.

Јелена Карлеуша е госпоѓата која го поддржа Чеда Јовановиќ, но таа жена пее и каква врска има тоа со политиката. Па, многу би сакал да соберат пари, еве велам, колку собираат, ќе дадам двојно повеќе, но не за да ја спречам Карлеуша да дојде, туку за хуманитарни цели“, рече Цветановиќ.

Темата за отворањето на скарата во Лесковац е актуелна во сите домашни медиуми изминативе неколку дена. Имено, на овој настан било планирано да пее Јелена Карлеуша, но лесковачани сметале дека сумата од 20.000 евра за настапот е преголема, и дека има поважни работи на кои треба да се пренасочат парите.