Еурактив: ЕП длабоко жали за некомпатибилноста на Србија со санкциите против Русија

954

Европскиот парламент длабоко жали за некомпатибилноста на санкциите на ЕУ против Русија од страна на Србија и посочува дека несогласувањето со надворешната политика на ЕУ му штети на процесот на пристапување на Србија во ЕУ, се наведува во нацрт-резолуцијата за Украина, што треба да се гласа во Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Белград.

Нацрт-резолуцијата за руската агресија врз Украина, до која Еуроктив.рс имаше пристап, повторува дека се очекува земјите кандидати да се усогласат не само со правните текови на ЕУ, туку и со нивната заедничка надворешна и безбедносна политика.

ЕП со голема загриженост ги забележува постојаните напори на Руската Федерација за дестабилизација на земјите од Западен Балкан и попречувањето на нивните демократски процеси, пишува во текстот.

ЕП ги осудува оние кои изразија поддршка за Русија по нејзината агресија врз Украина и ја пофали поддршката на земјите од Западен Балкан.

Резолуцијата остро ја осудува руската воена агресија врз Украина, како и вмешаноста на Белорусија, и ја повикува Москва веднаш да ги прекине сите воени активности, да ги повлече воените и паравоените сили и опрема од целата меѓународно призната територија на Украина.

Од Русија се бара целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници.