Драматично предупредување за жителите на Киев: Напуштете ги домовите!

550

Руското Министерство за одбрана предупреди дека планира да изврши напади со прецизно оружје врз неколку воени објекти во Киев од каде се вршат сајбер напади врз Русија и ги повика жителите на главниот град да ги напуштат своите домови, пренесува руската државна новинска агенција Тас.

Во соопштението објавено во вторникот попладне, Министерството за одбрана наведува дека неговите сили се подготвуваат да извршат „високопрецизни удари“ против „Службата за безбедност (СБУ) и 72. Центар за информации и психолошки операции (ПСО)“ во Киев.

„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои украинските националисти ги вмешаа во провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на станиците да ги напуштат своите домови“, се наведува во соопштението.