Ериксон ќе плати казна од милијарда долари за корупција

113

Шведскиот телекомуникациски гигант Ериксон се изјасни за виновен за корупција и се согласи да плати повеќе од една милијарда долари, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД и се појаснува дека корупцијата се однесува на пет земји – Џибути, Кина, Виетнам, Индонезија и Кувајт.

Министерството посочува дека Ериксон се согласил со Обвинителството во врска со обвинение поднесено во судот во Њујорк.

Ериксон е еден од најголемите светски производители на опрема за мобилна мрежа во светот. Компанијата соопшти дека во септември издвоила 1,2 милијарди американски долари за да се покријат можните казни за истрагата на САД.

Износот од 1,2 милијарди американски долари вклучува казна од 520 милиони американски долари што ќе му се исплати на Министерството за правда, додека 540 милиони долари ќе бидат исплатени на американската Комисија за хартии од вредност.