Емотивна одлука на родителите на Ејми Вајнхаус: Нејзините лични предмети се најдоа на аукција

308

Речиси 800 лични предмети на Ејми Вајнхаус, вклучително и краткиот фустан што го носеше британската пејачка на нејзиниот последен концерт, беа понудени на аукција.

Зелено-црниот фустан и чантичката „москино“ со која добитничката на Греми наградата често се фтографираше , очекувано, ќе достигнат цена од 15 до 20 илјади долари.

Нејзините родители одлучија дека вистинското време е да се продадат овие лични и професионални предмети, изјави Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулијенс“.

Ејми Вајнхаус го одржа својот последен концерт во Белград, а почина од труење со алкохол еден месец подоцна, на 27 јули 2011 година.

Нолан рече дека нејзините родители сакаат сите обожаватели да добијат шанса да купат нешто. Аукцијата била подготвувана веќе две години.

Почетната цена на повеќето фустани што ги носеше пејачката се движеше од две до четири илјади долари, а појасите, парфемот, чевлите, балетанките, гитарите и тапаните се продаваат по почетни цени од 50 до 100 долари.

„За нив беше многу емотивно да се откажат од работите на нивната покојна ќерка“, рече Нолан.

„Но, тие знаат дека овие предмети ќе им припаднат на обожавателите и колекционерите, како и музеите и инвеститорите ширум светот кои ќе продолжат да ги ценат, да уживаат во нив, да ги изложуваат“.