Ракометарите на Вардарго претрпеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од францускиот Монпелје со 31:25.

Тренерот Веселин Вујовиќ ги имаше сите ракометари на располагање за првпат во сезоната, публиката дојде на трибините, но Вардар потфрли. Настрада од „мечот со две острици“ – играта седум на шест, но истовремено и промаши безброј зицери, а тоа скапо го чинеше двократниот европски шампион.

За седум дена Вардар во Лигата на шампионите гостува во Данска кај Алборг, а претходно го чекаат домашни обврски против Тинекс Пролет. Монпелје, пак, во следното коло ќе му биде домаќин на Мешков Брест.

Тимур Дибиров беше најефикасен со седум гола, Тото реализираше шест пати против, додека прв стрелец на Монпелје беше Бос со седум гола.

Фото: П. Стојановски