Јелена Ѓоковиќ пред скопјани ја промовира „Фондацијата Новак“: Беше и на прошетка низ Скопје/ФОТО

551
П.Стојановски

Македонската јавност вечерва ќе има уникатна можност да се запознае со работата со „Фондацијата Новак“ и тоа од неговата сопруга Јелена, која во скопскиот Сити Мол ќе ја промовира хуманоста и помошта кои ја споделуваат заедно со најдобриот светски тенисер на сите времиња, објави Спорт1.мк.

Со „Караванот на љубовта и среќата“ Јелена Ѓоковиќ ја обиколи цела Србија, а сега пристигна и во нашиот главен град, каде по промоцијата на филмот „The Wisdom of Trauma“ ќе објасни со што поконкретно се занимава фондацијата и кои се нејзините идни планови.

Сопругата на спрскиот тениски ас, претходно денеска се прошета низ Скопје и се фотографираше за Инстаграм.

Инстаграм

Новак во повеќе наврати во минатото потенцирал дека има голема желба да ја посети Македонија, па прво јавно најави посета на Охрид, а нешто подоцна изрази желба да одигра меч против нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски во Скопје.