Ексградоначалникот Стојчев денеска е уапсен во големата полициска акција, се шпекулира дека бил на чело на криминалната група

1183
Pritnscreen?Youtube

По објавата на Министерството за внатрешни работи дека се уапсени 10 лица од повеќе градови од земјава, попладнево медимите пренесуваат дека меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Ново Село од редовите на СДСМ, Боро Стојчев.

Меѓу нив, како што пишува „Антропол“ е и Симе Франков, синот на поранешниот градоначалник на Гевгелија, Иван Франков. Него исто така го поврзуваат и со сообраќајна незгода во Нов Дојран во декември минатата година, при што смртно беше прегазен пешак, но гевгелискиот обвинител не побарал, ниту пак судија одредил мерка притвор.

Се шпекулира дека токму ексградоначалникот Стојчев бил на чело на оваа криминална група која продавла дрога.