ПАДНА ГРАД ОД ПОЛОВИНА МЕТАР, ГЛЕТКА ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: Страшно невреме во Далмација/ФОТО

13594

Во Хрватска снег врне во подрачја над 1.500 метри надморска височина, па на врвот Динара температурата на воздухот се спушти до 0 степени, со неколку сантиметри нов снег, пренесе денеска Далмација.

Силно невреме со грмотевици зафати делови од северна Далмација, а најлошо беше подрачјето на Свети Филип и Јаков, каде имаше порои, а град достигна и половина метар, што предизвика многу работа кај пожарникарите и комуналните служби.

Околу 9 часот и 30 минути на јужниот брег на Солта се појавила пијавица која останала на море половина час, но не стигнала до брегот и не направила никаква штета, пишуваат хрватските медиуми.

Во средината на денот силно невреме зафати делови од Солта и Чиово, а на Чиово наврнаа 40 литри дожд на метар квадратен.

По 13 часот грмежи облаци го зафатија сплитското подрачје, а на запад од градот наврна големо количество дожд.