Еклстон си го повлече зборот:Избрзав кога кажав дека би примил куршум за Путин

146
Берни Еклстон, поранешниот прв човек на Формула 1, неодамна се најде во центарот на светската јавност, кога изјави „дека би примил куршум за својот пријател Владимир Путин“.
Неговата изјава веднаш беше осудена од сите страни, а особено остар беше претседателот на Украина Зеленски, кој рече дека таквите зборови се неприфатливи.
Берни, кој има 91 година, се држеше до својот став четири или пет дена, а потоа ја смени приказната.
„Луѓето често кажуваат нешто пред да размислат за тоа. Токму тоа се случи со реченицата за Путин. На кој било начин не ја одобрувам руската акција во Украина“, рече Еклстоун.
Берни не застана тука.
„Народот на Украина нема никаква врска со она што се случува и тие не заслужуваат да страдаат“, рече Еклстон.