Од „сочувство“ кон туѓиот лош англиски: Уапсена поради полагање на возачки испит повеќе од 150 пати 

131
Жена, која полагала теоретски и практични возачки испити повеќе од 150 пати во име на други лица, е осудена на осум месеци затвор.
Како што јави Би-Би-Си, Индерџит Каур (29) од Ланели во Велс, признала дека ги полагала тестовите за возачка дозвола во периодот од 2018 до 2020 година.
Полицијата соопшти дека таа го направила тестот за луѓе кои имаат потешкотии со англискиот јазик. Таа ги полагаше возачките тестови во Свонси, Кармартен, Бирмингем и Лондон.
Според инспекторот Стивен Мелони, таа тоа го правела од „алчност“.
„Ваквите измами претставуваат голем ризик за јавната безбедност“, рече Малони.
Керолин Хикс од Автомобилската асоцијација рече дека тестовите, кои Каур ги направила наместо други, може да бидат поништени.
„Теоретските и практичните тестови за возење постојат за да се осигури дека луѓето имаат соодветно знаење, вештини и подготвеност да возат. Мамењето на овие тестови ги става животите во ризик“, истакна таа.