Европол ја повикува јавноста да помогне во идентификација на сексуалните злоупотребувачи на деца

67

Во седиштето на Европол во Хаг се одржа состанок на Работната група за идентификација на жртви на сексуална злоупотреба, како и на сторителите кои се автори на повеќе од 68 милиони медиумски досиеја. Станува збор за материјали кои содржат видеа од сексуална злоупотреба на деца кои биле запленети од различни органи за спроведување на законот ширум Европа и доставени до Европол.

Учесниците ги анализираа податоците кои покажуваат деца жртви на сексуални злосторства. Специјализираните членови на оваа работна група беа во можност да ги идентификуваат земјите каде што најверојатно се извршени злосторствата во повеќе од 180 случаи анализирани за време на операцијата.

Европол веќе достави повеќе од 70 случаи до надлежните органи, а во 15 случаи се откриени жртвите или сторителите. Досега се пронајдени четири жртви кои се ставени под заштита на надлежните институции.

На средбите беа анализирани неодамна создадените материјали за сексуална експлоатација на деца, од кои некои се од 2024 година. Покрај нив, работната група ги проучувала и таканаречените „ладни случаи“ со слики и видеа направени пред повеќе од пет години. Сликите и видеата покажуваат машки и женски жртви на различни возрасти од различни земји низ светот. Злоупотребените жртви на сликите и видеата беа мали деца (три години или помлади) како и деца во пубертет.

Од 2014 година, Европол редовно собира експерти за идентификација на жртви од целиот свет за да се фокусираат на нерешените случаи на сексуална злоупотреба на деца. Според оваа полициска организација, во акциите поддржани од оваа работна група биле заштитени повеќе од 700 деца, а уапсени се 230 криминалци.

Размена на знаења и искуства на правници на компаниите

Даркнет остана главната платформа за пристап и дистрибуција на материјали за злоупотреба на деца. Поголемото ниво на анонимност и можноста за вмрежување со истомисленици што ги нуди скриениот Интернет ги прави насилниците на деца да се чувствуваат удобно и безбедно да разговараат за нивните сексуални интереси во таа средина.

Новите технологии им овозможуваат на луѓето кои сакаат да гледаат сексуална злоупотреба на деца во живо да го сторат тоа за значителна сума пари.

Европол ја повикува јавноста да помогне во лоцирањето и идентификувањето на сексуалните злоставувачи на деца. Потребно е да се посети страницата „Стоп за злоупотреба на деца“ на која се прикажани поединечни слики со детали и карактеристики кои можеби некој би можел да ги препознае и да ја извести полицијата за тоа. Според Европол, ниедна трага не е безначајна.

Покрај апелот до граѓаните, Европол ги охрабрува медиумите во нивното известување да го користат терминот „материјали за сексуална злоупотреба на деца“, а не „детска порнографија“. Тие објаснуваат дека употребата на терминот „детска порнографија“ суштински им помага на сексуалните злоупотребувачи на деца бидејќи укажува на легитимноста и согласноста на жртвата, а со тоа и на законитоста на сексуалните злоставувачи. Користењето на фразата „детска порнографија“ може да создаде лажна слика на деца кои позираат во „провокативни“ пози, наместо реалноста – дека овие деца трпат ужасна злоупотреба.

„Секоја фотографија или видео прикажува реална ситуација во која е малтретирано дете. Ова не е порнографија“, велат од Европол.