До крајот на септември, Северина (ќе) се сака со летото

113

Атрактивната Северина е во чекор со ова долго, топло лето до последниот жежок ден, до крајот на септември. Таа на Инстаграм објави една нова своја фотографија на која е провокативна во костим за капење. И веднаш предизвика журка на социјалните мрежи. Вистина е дека Северина не мора да пее, мажите пред сè повеќе ја гледаат, отколку што ја слушаат. Така е и со оваа слика. Можност да ја видиме популарната пејачка во опуштено издание кога е сосема сама без својот син и сопругот Игор. Фановите ѝ велат на Северина дека Игор не треба да ја пушта сама, бидејќи веднаш застанува и се слика, токму вака многу секси. А, тоа не било добро за срцето на нејзините машки обожаватели. Но, таа не прави ништо непристојно. Се сака сама со летото! Д.М.