Од понеделник три дена „Звуците на чаршијата 2019“

136

Во Старата скопска чаршија на 16, 17 и 18 септември 2019 (понеделник, вторник и среда) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“.

Богата музичка и културно уметничка програма со голем број концерти, изложби, фолклорни настапи, поезија, филм, ликовна колонија и презентација на стари занаети.

„Звуците на Чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација што годинава се одржува по 13 пат во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а со поддршка од Град Скопје.