Италијанскиот репрезентативен голман, Џиџи Донарума, полека го губи трпението во ПСЖ. Италијанските медиуми почнаа да пишуваат дека Донарума е незадоволен од својот статус во клубот, а и дека неговиот агент Мино Раиола веќе почнал индиректно да се заканува со брза разделба со тимотод Париз.

Како една од опциите се споменуба Јувентус, а со оглед на тоа што Раиола има добри односи со италијанскиот клуб, може да се обиде и со позајмување на Донарума во тимот од Серија А.